Триаголник

Зоран има три кибритчиња со должини A, B и C соодветно. Должините се дадени во сантиметри (cm), и претставуваат позитивни цели броеви. Со овие кибритчиња, Зоран сака да создаде рамностран триаголник. Но, пред тоа, Зоран мора да направи сите три кибритчиња да имаат еднаква должина.

За негова среќа, тој живее во близина на Трговскиот Центар “Беверли Хилс”, каде што работи мајстор кој што ги нуди следните две услуги:

  1) да ја зголеми должината на било кое кибритче за 1 сантиметар (за цена од 10 денари)
  2) да ја намали должината на било кое кибритче за 1 сантиметар (за цена од 10 денари)

Зоран може да ги искористи услугите во продавницата онолку пати колку што сака. На пример, може да ја зголеми должината на едно кибритче од 10cm на 11cm, и потоа да ја зголеми должината на истото тоа кибритче од 11cm на 12cm. Слично, може да ја намали должината на некое друго кибритче од 13cm на 12cm. Бидејќи споменавме три услуги, тоа би чинело 30 денари.

Напишете програма која ќе пресмета која е најмалата цена (во денари) со која Зоран може да направи сите три кибритчиња да имаат еднаква должина?



Влез

Во првиот ред се дадени три цели броја A, B и C (1 ≤ A, B, C ≤ 100), разделени со едно празно место, кои ја означуваат почетната должина на кибритчињата.



Излез

Единствената линија од излезот треба да ја даде минималната цена (во денари), со која сите три кибритчиња може да се направат да имаат еднаква должина.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
3 6 5
излез
30


влез
2 2 3


излез
10


Објаснување за првиот тест пример: Ако ја зголемиме должината на првото кибритче од 3 на 5 (што можеме да го направиме за цена од 10+10=20 денари), и ја намалиме должината на второто кибритче од 6 на 5 (за цена од 10 денари), тогаш сите три кибритчиња ќе имаат должина еднаква на 5. Притоа, сме потрошиле 20+10=30 денари.



 Submit your code