Збир

Да го разгледаме следниот проблем. На почеток, имаме дадено одреден позитивен цел број N (на пример, 1935). Сега, во неколку чекори, ја бришеме последната цифра од бројот, така што ќе имаме: 1935, 193, 19, 1. Забележете како најпрвин ја избришавме последната цифра од 1935 (па добивме 193), потоа од 193 ја избришавме последната цифра (па добивме 19), итн. Постапката содржи точно онолку чекори колку што има цифри во оригиналниот број – во претходниот случај, тоа е четири, бидејќи 1935 е четирицифрен број. Збирот на сите броеви кои се добија при постапката е Z=2148 (1935+193+19+1).

Доколку ви е даден збирот Z на сите броеви кои се добиваат на крајот од ваква постапка, како и бројот на цифри C во почетниот број, дали можете да го откриете тој почетен број? Во примерот даден погоре, за Z=2148 и C=4, вашата програма треба да отпечати 1935. Од друга страна, за Z=19 и C=2, програмата треба да отпечати 18 (бидејќи ако 18 е почетниот број, ќе се добие точно збирот Z=18+1=19).



Влез

Во првиот ред се дадени два цели броја Z (1 <= Z <= 1015), и C (1 <= C <= 15).
Помош: Бидејќи Z е исклучително голем број, за негово читање може да користите тип на податок кој поддржува чување на 64-битни цели броеви, како long long во C/C++.

Забелешка: Во тест случаи кои ќе носат најмалку 30% од поените, ќе важи (1 <= Z <= 1000) и (1 <= C <= 3).



Излез

Единствената линија од излезот треба да го содржи почетниот број (така што тој ќе содржи C цифри, а постапката објаснета погоре ќе резултира со збир еднаков на Z). Тест случаите ќе бидат направени така што секогаш ќе постои решение.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
2148 4
излез
1935


влез
1 1


излез
1


 Submit your code