Автопат

Набрзо во нашата држава ќе биде свечено пуштен во употреба нов автопат (без тунели). Овој автопат претставува права линија која поврзува N градови кои се покрај автопатот. Министрите во владата сакаат да го пуштат во употреба автопатот така што ќе се возат со автобус (автопатот е двонасочен) заедно со новинарски екипи.

Комплетното патување (возење) ќе се состои од точно неколку релации (патувања) кои започнуваат во еден и завршуваат во друг град. Притоа, се започнува од точно определен град, и мора така да се организираат релациите за да се посетат сите градови покрај автопатот точно по еднаш, и да се заврши во почетниот град. За патување од еден град кој се наоѓа на позиција Pi до друг град кој се наоѓа на позиција Pj се потребни точно |Pi-Pj| минути возење, во што е вклучено и излегувањето до автопатот и влегувањето во вториот град. |…| означува апсолутна вредност.

Но, постои и еден проблем. Безбедносната камера во автобусот снима постојано дури автобусот се движи и мора да е снимено целото движење. Капацитетот за снимање е до М минути, па целото движење треба да трае помалку (или еднакво) на тоа.

Од „пи-ар“ причини организаторите се обидуваат да го организираат најдолгото можно патување кое е според зададените правила. Колку најмногу минути може да трае патувањето?

(Видете ги тест примерите доколку сеуште не ви е јасно што се бара во задачата).



Влез

Во првиот ред се запишани два цели броја: N (2 <= N <= 30), кој го означува бројот на градови, како и M (1 <= M <= 1000000000), максималниот број на минути. Во секој од следните N редови е запишан по еден цел број Pi (-1000000000 <= Pi <= 1000000000), коj ја означува позицијата на секој од градовите. Првиот број P1 ја означува позицијата на почетниот град (од каде што треба да почне и заврши патувањето), и овој број секогаш ќе биде еднаков на нула (P1=0). Нема да постојат два града кои се на иста позиција.
Забелешка: Во тест случаи кои носат најмалку 40% од поените, N ќе биде цел број помал или еднаков на 10.



Излез

Во еден ред се запишува колку најмногу минути може да трае патувањето. Тест примерите ќе бидат направени така што секогаш ќе постои барем еден начин да се изминат градовите за помалку од M минути.



Ограничувања

Временско ограничување: 2 seconds
Мемориско ограничување: 256 megabytes



Примери


влез
3 100
0
-15
15
излез
60


влез
4 9
0
2
1
3


излез
8


влез
4 6
0
2
1
3


излез
6


Објаснување за првиот тест пример: 0 -> 15 -> (-15) -> 0.
Објаснување за вториот тест пример: 0 -> 3 -> 1 -> 2 -> 0.
Објаснување за третиот тест пример: 0 -> 3 -> 2 -> 1 -> 0.



 Submit your code