Часовник

Дарко се запознал со Марија вечерта на Нова година, на градскиот плоштад, под големиот часовник, кога тој отчукал 12 часот. После одредено време тој сфатил дека е заљубен во неа. Како подарок за претстојниот празник на вљубените сакал да и напише песна. Во неа сакал да спомене колку полни завртувања направила малата стрелка на часовникот (онаа која означува колку е часот) од моментот на запознавање до моментот кога тој сфатил дека е заљубен во неа.

Ако тој знае точно колку часа траел тој период, помогнете му да го утврди податокот што му треба.

Значи, напишете програма која од стандарден влез ќе прочита еден цел број N - кој означува број на изминати часови, и на стандарден излез ќе отпечати колку полни завртувања ќе направи малата стрелка на големиот часовник за тој период.



Влез

Од стандарден влез се чита еден цел број N (0 ≤ N ≤ 10000) - кој го означува бројот на изминати часови.



Излез

На стандарден излез отпечатете колку полни завртувањa ќе направи малата стрелка на часовникот за период од N часови.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
123
излез
10


влез
11


излез
0


Информација: Ова е задача со детален повратен одговор за сите тест-случаи. По испраќање на решение, системот ќе ви врати информации за извршувањето на вашата програма на сите тест случаи.



 Submit your code