Дедо Мраз

Дедо Мраз се подготвува за својата тура. Тој годинава ќе подели одреден број исти подароци, во неколку региони. За секој регион се подготвува по една вреќа со точно толку подароци колку треба таму да се поделат (на пример 3 региона, со 10, 7 и 13 подароци).

Но, џуџињата грешно ги спакувале подароците. Можно е дури и бројот на вреќи да го промашиле, а не само бројот на подароци во вреќите (на пример, само 2 вреќи со 12 и 18 подароци во нив). Затоа Дедо Мраз набавил робот кој ќе ги препакува подароците. Роботот може да направи една од следните 2 акции:

- зема вреќа со подароци во неа и одреден дел од подароците ги префрла во нова празна вреќа,
- зема две вреќи со подароци во нив и сите подароци од едната вреќа ги префрла во другата.

За да ја изврши која било од горните операции, на роботот му треба една минута. Времето истекува, па многу е важно тоа да се направи на најрационален начин. Пресметајте за колку најмалку минути роботот ќе заврши со препакување или отпечатете -1 доколку тоа не е можно да се направи.



Влез

Во првата линија е запишан бројот на вреќи спакувани од џуџињата N (1 ≤ N ≤ 10).
Во втората линија се запишани точно N цели броеви Si (1 ≤ Si ≤ 50), кои го означуваат бројот на подароци во секоја од вреќите.

Во третата линија е запишан бројот на вреќи според вистинските потреби на Дедо Мраз M (1 ≤ M ≤ 10).
Во четвртата линија се запишани точно M цели броеви Fi (1 ≤ Fi ≤ 50), кои го означуваат бројот на подароци во секоја од вистински потребните вреќи. Имајте предвид дека редоследот не е важен, па, на пример, следниве две поделби се идентични: {1, 3, 2} и {3, 2, 1}.

Забелешка: Во тест случаи кои вредат најмалку 30% од поените, вкупниот број на подароци нема да надмине 15.



Излез

Да се отпечати бараниот минимален број на минути за да се направи препакувањето; или -1 доколку со препакување не е можно да се постигне потребната ситуација.



Ограничувања

Временско ограничување: 2 seconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
2
1 3
1
4
излез
1


влез
3
4 3 5
3
4 6 2


излез
2


Објаснување за вториот пример: Роботот најпрвин (во првата минута) може да земе еден подарок од вреќата со три подароци и да го стави во нова вреќа (тогаш, поделбата ќе изгледа вака: {4, 1, 2, 5}), а потоа (во втората минута) да ја земе вреќата со еден подарок и тој да го префрли во вреќата со 5 подарока. После препакувањето ќе имаме: {4, 2, 6}.



 Submit your code