Мед и таан

Мешавината од мед и таан е традиционален македонски лек. Стефка дознала дека идеалната комбинација на мед и таан е онаа која содржи исто количество на мед и таан во него. Значи, ако има Х грама лек, во него Х/2 грама ќе се мед, и Х/2 грама ќе се таан.

Таа на располагање има N тегли со веќе подготвен мед и таан, на кои е запишано колкав е соодносот на мед и таан, и колку грама од лекот има. Се разбира, Стефка не може да ја оддели едната од другата состојка во теглите, но може да ја користи содржината на теглата или дел од неа за да го направи својот лек со идеален однос.

Прашањето е, колку најмногу грама лек може да подготви Стефка, ако земе (дел од) содржината од теглите кои и се на располагање, притоа пазејќи нејзиниот лек да е со идеална пропорција 1:1.

Нека, на пример, Стефка има 3 тегли на располагање, првата со 40 грама од мешавината со однос (мед:таан) 5:1, втората со 30 грама и однос 1:1, и третата со 30 грама од мешавината и однос 1:2.

Очигледно, таа може да ја земе содржината од втората тегла (која веќе има идеален сооднос) и да постигне 30 грама. Но, на оваа количина може да додаде и делови од првата и третата тегла, со што ќе ја зголеми тежината, а притоа ќе го запази и односот 1:1. Оптималниот одговор во овој случај би бил 75 грама.



Влез

Во првиот ред е даден еден цел број N (1 ≤ N ≤ 100)– бројот на тегли кои и се на располагање на Стефка.
Во следните N редови ќе има по 3 цели броја, Хi, Мi, Тi, (1 ≤ Хi, Мi, Тi ≤ 100) кои опишуваат тегла со Хi грама и однос мед кон таан Мi:Тi.
Во тест случаи за 30% од поените N ќе биде помало или еднакво на 2.



Излез

На излез отпечатете еден реален број, заокружен на 8 децимали – максималната тежина на лек со идеален однос која може да ја направи Стефка.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
3
40 5 1
30 1 1
30 1 2
излез
75.00000000


влез
5
14 3 2
4 1 3
4 2 2
6 6 1
10 4 3


излез
20.85714286


 Submit your code