Платформа: демо ниво

Порано многу биле популарни 2Д видео игрите, особено затоа што компјутерите имале слаби перформанси за да има добра 3Д графика.
Во оваа задача ќе ја објасниме играта Платформа. Во оваа игра, на почетокот имате хоризонтална платформа на екранот (обична хоризонтална отсечка), да речеме со должина L, и може да се разгледува како интервал [0, L].
Одозгора од екранот паѓаат отсечки, паралелни со платформата, да речеме претставени со интервал [A, B], и секоја од нив
а) или се залепува врз платформата, во случај ако барем половина од должината од отсечката се најде над платформата,
б) или паѓа од страна, ако повеќе од половина од должината на отсечката е лево или десно од платформата,
в) или се распрснува, ако стрчи и лево и десно од платформата.
Отсечките кои ќе се залепат на платформата, ако стрчеле од лево или од десно, всушност ја зголемуваат должината на платформата, и при паѓањето на следните отсечки, како репер се зема новата димензија на платформата.
Во демо нивото на играта, вие само набљудувате како паѓаат N отсечки. Ако ја знаете должината на платформата и го знаете интервалот кој ја опишува секоја од N-те отсечки по редоследот на паѓање, напишете програма која ќе утврди колку од отсечките ќе се залепат на платформата.
Погледнете го примерот за доразјаснување.



Влез

Во првиот ред се наоѓаат броевите N (1 ≤ N ≤ 1000) и L (1 ≤ L ≤ 1000). Во следните N редови се наоѓаат по два броја, A и B (-1000 ≤ A < B ≤ 2000), кои ги претставуваат границите на отсечките, по редоследот на паѓање.



Излез

Во првиот и единствен ред запишете го бројот на отсечки кои се залепиле на платформата.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
7 5
2 4
-1 6
-3 3
6 7
1 8
6 7
7 10
излез
4


Најпрво платформата има должина L = 5 и се протега на интервалот [0, L], т.е. [0, 5].
Првата отсечка целосно се наоѓа над платформата, па таа се залепува на платформата.
Втората отсечка стрчи и лево и десно од платформата, па таа се распрснува.
Третата отсечка стрчи од левата страна на платформата, но не повеќе од половина, па затоа ќе се залепи на платформата. Да забележиме дека местата кои ги зафаќаат отсечките може да се преклопуваат: [2, 4] и [-3, 3] се преклопуваат над интервалот [2, 3]. По лепењето на отсечката [-3, 3], сега платформата се протега над интервалот [-3, 5].
Четвртата платформа не се лепи бидејќи се наоѓа целосно надвор од платформата.
Петтата отсечка стрчи од десната страна на платформата, но не повеќе од половина, па затоа ќе се залепи на платформата. Сега платформата се протега над [-3, 8].
Шестата отсечка се протега на истиот интервал како и четвртата отсечка, но овој пат платформата опфаќа поголем интервал, па затоа таа ќе се залепи.
На крај, седмата отсечка стрчи од десната страна на платформата, и тоа повеќе од половина, па затоа паѓа.
Со тоа вкупниот број на отсечки кои се залепиле на платформата е 4.



 Submit your code