Скакулци

Три скакулци си играат во пустина. Тие стојат на права линија на целобројни позиции и меѓусебно се прескокнуваат, на тој начин што еден од двата надворешни скакулци скокнува на целобројна позиција помеѓу другите два скакулци. Ни во еден момент не е можно два скакулци да се најдат на иста позиција.

Ваша задача е да им помогнете на скакулците да си играат што подолго. Напишете програма која ќе испечати колку најмногу скокови можат да направат скакулците пред да заврши играта.



Влез

Во еден ред се запишани три цели броеви A, B и C (1 <= A < B < C <= 99), почетните позиции на скакулците.



Излез

Излезот се состои од еден ред во кој треба да го отпечатите најголемиот број на скокови кои можат да го направат скакулците пред да заврши играта.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
3 5 9
излез
3


 Submit your code