Златна сума

Кире е голем фраер и за својот автомобил си набавил убава регистрација: КТ 7777 АВ. Таквите регистрации ги нарекуваат златни регистрации и ги наплаќаат повеќе.
Во задачава ќе кажеме дека еден природен број е златен број ако е испишан само со една цифра (22, 333, 7, 55555...).
Златна сума е збир од еден или повеќе златни броеви.
Регистрацијата на Емилија нема во себе златен број. Но, таа сака да му докаже на Кире дека бројот во нејзината регистрација е златна сума (како некој број па да не е...).
Ваша задача е зададениот број N да го претставите како златна сума, која има најмалку можно собироци во неа.



Влез

Во првиот и единствен ред се наоѓа позитивниот цел број N (1 ≤ N < 100 000 000 000).

Забелешка.
Во тест случаи кои носат 20% од поените важи: N ≤ 200 000.
Во тест случаи кои носат 50% од поените важи: N ≤ 100 000 000.



Излез

Во првиот ред запишете еден број К– најмалиот број на собироци.
Во вториот ред запишете К златни броја, чија што сума е N, одделени со по едно празно место. Редоследот по кој ќе ги запишете овие K броеви не е важен.



Ограничувања

Временско ограничување: 100 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
338
излез
2
5 333


влез
11124


излез
3 
2 11 11111


влез
22222222222


излез
1 
22222222222


 Submit your code