Паника

Мила е на натпревар по информатика. Натпреварот почнал во 12 часот, 0 минути и 0 секунди (точно на пладне!). Таа е во паника, па често (на неколку минути) прашува колку е часот.
Нека претпоследниот пат кога прашала и кажале дека е H часот, М минути и Ѕ секунди. После точно М1 минути и Ѕ1 секунди Мила пак прашала.
Напишете програма која ќе пресмета колку е точно часот во моментот кога за последен пат прашала Мила.



Влез

Во првиот ред од влезот се запишани 3 позитивни цели броеви: H, M и S (12 ≤ H < 15, 0 ≤ M, S < 60), т.е. времето кога Мила претпоследен пат прашала.
Во вториот ред од влезот се запишани 2 позитивни цели броеви: M1 и S1 (3 ≤ М1 < 7, 0 ≤ S1 < 60), т.е. изминатото време од претпоследното до последното прашување на Мила.



Излез

Во првиот и единствен ред запишете го одговорот, 3 броја кои го претставуваат точниот час, минути и секунди на моментот во кој Мила за последен пат прашала за часот.



Ограничувања

Временско ограничување: 100 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
12 20 5 
5 5
излез
12 25 10


влез
12 59 50
6 7


излез
13 5 57


 Submit your code