Број од број

1, 11, 21, 1211, 111221, 312211, ...
Во дадената низа секој следен број е добиен од претходниот според некои правила.

Напишете програма која за даден позитивен цел број N, ќе најде кој број ќе се добие од N според истите правила кои важат за броевите погоре.



Влез

Во првиот и единствен ред се наоѓа позитивен цел број N (1 ≤ N < 100 000).



Излез

Во првиот и единствен ред запишете го бројот што се добива од N.



Ограничувања

Временско ограничување: 100 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
11
излез
21


влез
123


излез
111213


влез
4444


излез
44


 Submit your code