Набавка на вакцини

За справување со кризата од пандемијата на КОВИД-19, потребно е да се набават вакцини. На тендерот на Министерството за Здравство се пристигнати понуди за N различни вакцини (вакцини од N производители). Сите понудени вакцини се докажано ефикасни на трите најважни варијанти на вирусот (да ги означиме варијантите со A, B и C) и, за секоја од N-те понудени вакцини знаеме по три броја Ai, Bi и Ci, кои означуваат на колку лица е тестирана вакцината за соодветните варијанти на вирусот.

Бидејќи сите N вакцини се докажано ефикасни, министерот одлучил дека при изборот најдобро е да се земе предвид бројот на луѓе на кои се тестирани вакцините (на секоја од варијантите), за потоа полесно да се убеди народот да се вакцинира.

Државата има дури N понуди за вакцини, па некои од нив може веднаш да се отфрлат. Одлучено е тоа да биде секоја понудена вакцина за која постои друга понудена вакцина која е тестирана на повеќе лица на секоја од варијантите. На пример, доколку за една вакцина важи дека е тестирана на Ax=1000, Bx=2000 и Cx=1000 лица, а за друга важи дека е тестирана на Ay=5000, By=5000 и Cy=9000 лица, тогаш првата понуда може веднаш да се отфрли. Имајте предвид дека може да се отфрлат само оние вакцини за кои има друга понуда која е тестирана на повеќе лица на секоја од трите варијанти (т.е. за да се отфрли понуда x треба да постои понуда y за која важи Ay>Ax, By>Bx и Cy>Cx).

Напишете програма која ќе пресмета колку од N-те понуди за вакцини може веднаш да се отфрлат, со цел министерството да може побрзо да ја заврши набавката на вакцини.



Влез

Во првиот ред се наоѓа целиот број N (1 <= N <= 100000).

Во секој од следните N редови се запишани по три цели броја Ai, Bi и Ci (1 <= Ai, Bi, Ci <= 1000000000), кои означуваат дека i-тата вакцина е тестирана на Ai лица на варијантата A од вирусот, на Bi лица на варијантата B од вирусот и Ci лица на варијантата C од вирусот.



Излез

Во првиот ред запишете го бараниот број на вакцини кои може да се отфрлат.

Забелешка: Во тест случаи кои носат најмалку 20% од поените, ќе важи N ≤ 1000.



Ограничувања

Временско ограничување: 300 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
3
10 10 10
20 20 20
30 90 20
излез
1


влез
5
10 20 30
30 20 10
9 19 29
29 19 9
29 19 29


излез
2


Објаснување за првиот пример: Може да се отфрли првата понудена вакцина.

Објаснување за вториот пример: Може да се отфрлат третата и четвртата вакцина. Петтата вакцина, на пример, не може да се отфрли бидејќи не постои вакцина која е тестирана на повеќе лица на секоја од трите варијанти.



 Submit your code