Лисја

Секоја есен листовите на листопадните дрва паѓаат. Мендо се заинтересирал колку најмногу листови од дабот во неговиот двор може да паднат во еден ден и кој ден е тоа. Затоа, во месецот ноември тој секој ден ги броел листовите кои паднале и запишувал.

Деновите ги означувал со бројчиња од 1, 2, 3 до 30 според датумот во месецот. Покрај тоа бројче го запишувал бројот на отпаднати листови.

Ваша задача е за таква зададена листа да напишете програма која ќе го открие (и отпечати) денот во кој имало најмногу паднати листови.



Влез

Влезот се состои од 30 редови - секој во формат "Di Ni", каде што Di (1 ≤ Di ≤ 30) го означува денот, додека Ni (1 ≤ Ni ≤ 1000) означува колку листови паднале тој ден. Влезните податоци се дадени во растечки редослед на Di (во првиот ред имаме информации за Di=1 ноември, во вториот за Di=2 ноември, итн до Di=30 ноември).



Излез

На стандарден излез отпечатете го денот (секогаш ќе има точно еден одговор) во кој паднале најмногу листови (во формат "D noemvri" - без наводниците).

На пример, за првиот тест случај (даден подолу), треба да отпечатите "14 noemvri" (не печатете дополнителна нула доколку D е едноцифрен број, односно одговорот е помеѓу 1ви и 9ти ноември). Зборот "noemvri" се печати на латиница и со мали букви



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
1 18
2 16
3 8
4 7
5 13
6 9
7 17
8 24
9 29
10 25
11 22
12 17
13 23
14 37
15 34
16 31
17 22
18 19
19 24
20 21
21 13
22 24
23 21
24 18
25 7
26 11
27 29
28 25
29 27
30 19
излез
14 noemvri


 Submit your code