Отворање на зграда

ФИНКИ планира да организира настан за отворање на новата зграда, а салата за настанот има капацитет од L гости. Заради тековната пандемија постои правило дека салата не смее да биде исполнета Х или повеќе од Х проценти, т.е. исполнетоста на салата мора да е стриктно помала од Х проценти. За дадени L и X од вас се бара да најдете кој е максималниот број на гости кои може да дојдат на отворањето, притоа почитувајќи го правилото.



Влез

Во првиот ред се наоѓа бројот L (1 ≤ L ≤ 1000), капацитетот на салата за гости.
Во вториот ред се наоѓа бројот X (1 ≤ X ≤ 99), процентот на исполнетост на салата со кој е опишано правилото.



Излез

Отпечатете го максималниот број на гости според барањата.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
100
50
излез
49


влез
101
50


излез
50


Објаснување за вториот пример:
Одговорот 50 е стриктно помал од Х=50 проценти од L=101: 101*50%=50,5.



 Submit your code