Упис на семестар

Никола е студент на ФИНКИ и сега ќе го запишува летниот семестар, за што треба да однесе хартиени документи на факултетот. Сите студенти ги носат документите во еден од N денови (означени од 1 до N) кои се предвидени за тоа. Од уписите од претходните години, за секој од N-те денови се знае кој е очекуваниот број на студенти кои ќе ги однесат документите тој ден. Никола ќе ги носи документите во денот кога се очекува најмалку студенти да носат документи во тој ден, а доколку има повеќе такви денови - тогаш во првиот можен. Отпечатете во кој од деновите Никола ќе ги носи документите и колку студенти се очекува да одат на факултетот во тој ден.



Влез

Во првиот ред се наоѓа бројот N (1 ≤ N ≤ 30), бројот на денови предвидени за носење документи.
Во следниот ред се наоѓаат N цели броеви во опсег од 1 до 1000, бројот на студенти кои се очекува да одат на факултет во секој од N-те денови, почнувајќи од првиот ден.



Излез

Во еден ред отпечатете го редниот број на денот кој Никола ќе го избере, а потоа и бројот на студенти кои се очекува да одат на факултетот во тој ден.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
3
50 30 40
излез
2 30


влез
4
49 64 81 49


излез
1 49


 Submit your code