Тропско цвеќе
Дадени се податоци за количествата на врнежи за секој од последователни N денови во Кавадарци. При пресадување на едно тропско дворско цвеќе, за да биде успешно пресадувањето, потребно е во денот на пресадување и наредните К денови да има наврнато барем L литри.
За дадени N, L и K, и податоци за сите N денови, пресметајте во колку од тие N денови пресадувањето би било успешно. Сметајте дека после изминатите N денови долго време нема наврнато дожд.
Влез
Во првиот ред се трите цели броеви N ( 2 ≤ N ≤ 200000 ), L ( 1 ≤ L ≤ 109 ) и K ( 1 ≤ K < N ).
Во следниот ред се дадени N цели броеви A1 А2 ... Аn, одвоени со по едно празно место, каде Аi (1 ≤ Ai ≤ 109) е бројот на литри кои ќе наврнат во i-тиот ден.
За 50% од поените ќе важи: N < 1000.
Излез
Отпечатете во колку од N-те денови пресадувањето би било успешно.
Ограничувања
Временско ограничување: 300 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 6 20 3 15 20 23 26 22 18 | излез 1 |
Објаснување за првиот тест пример:
Доколку направиме пресадување во првиот ден, тогаш нема да е исполнет условот дека во денот на пресадувањето има наврнато барем L литри дожд, бидејќи во тој ден има наврнато само 15 литри од потребните 20 за успешно пресадување.
Доколку направиме пресадување во вториот ден, тогаш во денот на пресадувањето ќе има наврнато барем 20 литри, како што се бара. И во наредните К денови, односно наредните 3 денови, ќе наврне по 23, 26 и 22 литри соодветно, при што во секој од тие денови има наврнато доволно дожд за пресадувањето да биде успешно.
Доколку направиме пресадување во третиот ден, тогаш во денот на пресадувањето ќе има наврнато барем 20 литри, како што се бара. Но, во наредните К денови, односно наредните 3 денови, ќе наврне по 26, 22 и 18 литри соодветно, при што во последниот од тие денови нема наврнато доволно дожд за пресадувањето да биде успешно.
За деновите 4, 5 и 6, нема доволно врнежливи денови за пресадувањето да е успешно.
Според тоа, одговорот е 1.