Време за игра 2
И Емил игра видео-игра со неколку нивоа. Секое следно ниво е потешко од претходното, па така за второто ниво е потребно 2 пати повеќе време отколку за првото, за третото - 3 пати повеќе време од првото, за четвртото - 4 пати повеќе време од првото, итн.
Ако знаеме дека Емил потрошил X минути за да го помине првото ниво, пресметајте колку вкупно време му требало за сите N нивоа.
(Помош за делумни поени: Ако задачата ја решите точно со претпоставка дека N секогаш е 3, ќе освоите 40% од поените.)
Влез
Во првиот ред се наоѓаат два цели броеви: N ( 3 ≤ N ≤ 20 ) - бројот на нивоа, и X ( 1 ≤ X ≤ 20 ) – потребното време за првото ниво.
Излез
Отпечатете го вкупното време потребно за да се поминат сите N нивоа на играта.
Ограничувања
Временско ограничување: 100 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 3 2 | излез 12 |
Објаснување:
Има 3 нивоа. За првото ниво се потребни 2 минути, за второто ниво се потребни два пати повеќе минути, односно 4. Соодветно, за третото ниво се потребни 6 минути. Вкупно се потребни 2 + 4 + 6 = 12 минути.