Монетите на Олгица
![]() |
Олгица во својата кантичка има многу македонски монети од 1, 2 и 5 денари. Тaa вади 4 монети и ги става на маса. Притоа, кај некои од нив се гледа бројчето, а кај некои грбот (сликата со животно). Потоа, таа во тетратката запишува што гледа на монетите.
Ако гледа бројче запишува 1, 2 или 5, ако гледа пес (задна стана на 1 денар) запишува P, ако гледа риба (задна страна на 2 денари) запишува R и ако гледа рис (задна страна на 5 денари) запишува R.
Мартин ги гледа само запишаните знаци (букви или цифри) на листот од Олгица, и сака да пресмета колкава е вкупната вредност на запишаните пари. Но, има проблем. Некогаш не знаеме која е бројката позади буквата R.
Ваша задача е да пресметате која е најмалата, а која е најголемата можна сума на 4-те извадени парички.
Во 30% од тест примерите ќе се гледаат бројчињата на сите монети.
Влез
Во еден ред се дадени 4 знаци, разделени со по едно празно место, кои може да бидат некои од знаците 1, 2, 5, P или R.
Излез
Во еден ред отпечатете два цели броеви одвоени со едно празно место: прво најмалата можна сума на 4-те парички, па потоа и најголемата можна сума.
Ограничувања
Временско ограничување: 100 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 1 P 1 1 | излез 4 4 |
влез R R R R | излез 8 20 |
Објаснување за првиот пример:
Само втората паричка била завртена со грб, но бидејќи е P знаеме дека станува збор за паричка со вредност 1. Што значи дека вкупната сума на 4-те парички е 1 + 1 + 1 + 1 = 4, а со тоа и најмалата и најголемата можна сума на паричките е исто така 4.
Објаснување за вториот пример:
Сите 4 парички биле завртени со грб и запишани се четири R. Минимална сума се добива доколку сите 4 парички ја имаат помалата од двете можни вредности 2 и 5, и таа изнесува 2 + 2 + 2 + 2 = 8. Соодветно, најголемата можна сума се добива доколку сите парички имале вредност 5, при што сумата изнесува 5 + 5 + 5 + 5 = 20.