Ѕиден број

На еден ѕид некој напишал трицифрен број. Дошол Фисник и десно од бројот ја допишал последната цифра од збирот на сите 3 цифри (на пример, ако бројот бил 175, потоа станал 1753 бидејќи збирот е 1 + 7 + 5 = 13). Дошла Сара и десно од бројот ја допишала последната цифра од збирот на последните 3 цифри од новиот број (ако новиот број е 1753, допишала 5). Потоа се изредиле и сите други ученици од училиштето: секој ги гледал последните 3 цифри, ги собирал, и на крај ја допишувал последната цифра од збирот. За среќа, ѕидот бил доволно долг, па го собрало целиот број.

Ако го знаете почетниот трицифрен број, ваша задача е да ја отпечатите N-тата цифра од целиот број (броејќи од почетокот на бројот).

За 20% од поените ќе важи: N ≤ 10.

За вкупно 60% од поените ќе важи: N ≤ 100 000.



Влез

Во првиот ред ви е даден еден трицифрен број.
Во вториот ред ви е даден еден цел број N ( 1 ≤ N ≤ 1018 ) – редниот број на цифрата која се бара од вас да ја отпечатите. Можете да претпоставите дека секогаш се испишани барем N цифри.



Излез

Отпечатете ја бараната цифра!



Ограничувања

Временско ограничување: 100 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
175
5
излез
5


влез
175
99999


излез
9


влез
175
699265421106171856


излез
1


 Submit your code