Инвазија од вонземјани

Доаѓаат вонземјани, преправени како човечки фамилии, и се населуваат на една долга улица во куќите/зградите кои се наредени од едната страна на улицата, една после друга на позиции од 1 до N (N < 10 000 000 000).

Како што доаѓаат, еден по еден, за нив ја дознаваме локацијата на која се населуваат. Ако веќе претходно има друга фамилија вонземјани на истата локација, новите се интегрираат во постојната фамилија и сите се сметаат како една фамилија. Операцијата за доселување ќе ја означуваме со 1.

Растојанието меѓу две фамилии се пресметува како разлика од поголемата и помалата позиција на која се наоѓаат фамилиите. Тоа им е важно заради нивната телепатска комуникација. После одреден број на населувања се пресметува најмалото растојание меѓу две фамилии во тој момент. Операцијата за пресметување ќе ја означуваме со 2.



Влез

Во првиот ред е даден цел број K (1 < K ≤ 300 000) - број на операции.
Во следните K редови ќе биде запишана една од следните 2 опции:
1. Два броја, од кои првиот 1, а вториот P (1 ≤ P ≤ N) - позиција на која се населува новата фамилија, или
2. Бројот 2 - ознака дека во овој момент се врши бараната пресметка.
Операцијата 2 ќе се појави најрано откако ќе има доселено барем две фамилии.



Излез

За секој ред во влезот со бројот 2, отпечатете по еден број во првиот ред во излезот, пресметаното растојание во тој момент. Бараните броеви отпечатете ги со по едно празно место помеѓу.



Ограничувања

Временско ограничување: 600 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
8
1 200
1 100
2
1 240
2
1 300
1 300
2
излез
100 40 40


Објаснување:
При првото барање има фамилии на позиции 100 и 200; најмалото растојание меѓу две фамилии изнесува 100.

При второто барање има фамилии на позиции 100, 200 и 240; најмалото растојание меѓу две фамилии изнесува 40.

При третото барање има фамилии на позиции 100, 200, 240 и 300; најмалото растојание меѓу две фамилии сеуште изнесува 40.



 Submit your code