Матричка
Матрица е правоаголна шема од податоци со N редици и М колони. Нашата матрица во задачава е составена од мали букви од англиската азбука.
Вашата задача е дадена помала матрица (матричка) да најдете на кои позиции може да се најде во дадената голема матрица.
Влез
Во првиот ред се дадени два цели броја R и K (1 ≤ R, K ≤ 100) – димензиите на помалата матрица.
Во следните R редови се наоѓаат низи од мали букви од англиската азбука со должина K.
Во (R+2)-риот ред се дадени два цели броја N и M (1 ≤ N, M ≤ 5000) – димензиите на големата матрица.
Во следните N редови се наоѓаат низи од мали букви од англиската азбука со должина M.
Излез
На стандардниот излез отпечатете еден единствен број – утврдениот број на појавувања на малата во големата матрица.
За 10% од тест случаите ќе важи: N, M ≤ 50 и R, K ≤ 50.
За следни 15% од тест случаите ќе важи: N, M ≤ 500.
За следни 30% од тест случаите ќе важи: N, M ≤ 2000.
Ограничувања
Временско ограничување: 300 milliseconds
Мемориско ограничување: 4 megabytes
Примери
влез 2 2 aa am 3 3 aaa aam ama | излез 2 |
Објаснување:
Матричката може да се најдe со почеток на позиции (1,2) и (2,1):
aaa
aam
ama
aaa
aam
ama