Маркет Зимко
Секое утро, поради зголемување на цените на основните производи, се прави голем ред од купувачи пред разни маркети и продавници во државата. Така е и пред маркетот Зимко, каде што ова утро се направил ред од N купувачи (нека ги означиме со редните броеви од 1 до N, според времето на доаѓање).
Најпрвин, во редот дошол купувач со реден број 1, па купувач со реден број 2, итн. Кога доаѓа нов купувач, нормално тој би требало да застане на крајот од редот. Меѓутоа, некои купувачи не го почитуваат тоа, па тие неправилно и некултурно може да застанат на друго место во редот.
Ако за секој дојден купувач знаеме што точно направил, ваша задача е да напишете програма која што ќе отпечати каде (на која позиција) застанал тој во редот. Секој купувач ќе направи една од следните две можни акции: 1) тој застанува на крајот на редот, или 2) тој застанува пред некој друг купувач со реден број х.
На пример, доаѓа првиот купувач и тој има реден број 1 (бидејќи е прв, неговата позиција во редот е 1 и фактички застанува на крај на редот). Сега, доаѓа вториот купувач и нека знаеме дека тој застанал на крајот на редот – па редот изгледа вака: {1, 2}, односно вториот купувач е на позиција 2 (втор во редот). Сега, нека третиот купувач по неговото доаѓање застане пред купувачот со реден број 1 (имаме {3, 1, 2}, значи третиот купувач е на позиција 1 – т.е. прв во редот). Сега, можеби, четвртиот купувач застанал пред купувачот со реден број 2, по што имаме {3, 1, 4, 2}, значи тој е на позиција 3, итн.
Влез
Во првиот ред е запишан еден цел број N (5 <= N <= 350000), кој го означува бројот на купувачи. Во секој од следните N редови е даден еден од следните два случаи кои означуваат каде застанал i-тиот купувач:
- K (ако i-тиот купувач застанал на крајот од редот)
- P x (ако i-тиот купувач застанал пред купувачот со реден број x, 1 <= x < i).
Забелешка: Во тест случаи кои носат најмалку 15% од поените, бројот на купувачи ќе биде N <= 1000.
Во други тест случаи кои носат најмалку 10% од поените, купувачите ќе застанат или на крајот на редот (операција “K”) или пред купувачот со реден број 1 (операција “P 1”).
Излез
За секој од N-те купувачи, по редослед на нивното доаѓање, отпечатете ја позицијата во редот на која тие застанале.
Ограничувања
Временско ограничување: 300 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 6 K K P 1 P 2 K P 1 | излез 1 2 1 3 5 2 |