Близначки роденден
Роденденот на близнаците Бале и Сале се ближи. Мендо моментално поседува точно R црвени и B сини топчиња и сака сите да им ги подари на близнаците. Притоа секој од близнаците треба да добие топки во иста боја, а двајцата треба да добијат по ист број на топки.
Мендо во подрумот има црвена и сина боја и може да ги пребои топчињата (така топчето од црвено може да стане сино, или обратно). Бидејќи Мендо е мрзелив, сака да знае кој е најмалиот број на топчиња што треба да ги пребои, за да може да го подготви подарокот според барањата.
Влез
Влезот ги содржи броевите R и B (0 ≤ R, B ≤ 200) во еден ред. Загарантирано е дека секогаш постои решение т.е. збирот R + B е поголем од нула и е делив со 2.
Излез
Во првиот и единствен ред запишете го одговорот - колку најмалку топчиња е потребно Мендо да пребои за да ја исполни целта.
Ограничувања
Временско ограничување: 300 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 5 3 | излез 1 |
влез 4 20 | излез 4 |
Објаснување за првиот пример: Мендо ќе пребои 1 црвено топче во сина боја. После пребојувањето Мендо ќе има 4 црвени и 4 сини топчиња кои може да ги подари соодветно на Бале и Сале.
Објаснување за вториот пример: Мендо ќе ги пребои сите(4) црвени топчиња во сина боја. После пребојувањето Мендо ќе има 24 сини топчиња, па може на близнаците да им даде по 12 сини топчиња.