Жучко в Негобило
Жучко на патот за Мордор запрел во село Негобило. На високите порти на селото е запишан почетокот на низа броеви која е изградена според некое правило:
1, 2, 4, 8, 16, 22, 24, 28, 36, 42, 44, …
За да го пуштат Жучко внатре, потребно е да одговори на само едно прашање - „Кој е X-тиот по ред број на низата?“. Жучко е преморен од патот па бара ваша помош!
Влез
Во првиот и единствен ред даден е бројот X.
Забелешка:
За 80% од поените важи: 1 ≤ X ≤ 100 000
За преостанатите 20% од поените важи: 1 ≤ X ≤ 2 000 000 000
Излез
Во првиот и единствен ред отпечатете го одговорот - X-тиот број на низата.
Ограничувања
Временско ограничување: 200 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 6 | излез 22 |
влез 999999999 | излез 4999999984 |