Среќна подниза 1
Денес Енисер прочитала многу интересен проблем:
Дадена е низа од N цели броеви. Бројот 3 се смета дека е среќен број, а една подниза се смета за среќна доколку бројот 3 се појавува точно 3 пати внатре во неа. Пресметајте ја должината на најдолгата среќна подниза.
Забелешка: За дадени 2 елемента од дадена низа, подниза е дел од низата кој ги содржи по редослед сите елементи меѓу тие два елемента.
Влез
Во првиот ред даден ви е бројот N (1 ≤ N ≤ 1 000 000) - должината на низата.
Во вториот ред се дадени N цели броеви Ai (0 ≤ Ai ≤ 100 000).
Забелешка:
За 25% од поените ќе важи: 1 ≤ N ≤ 100
За дополнителни 25% од поените ќе важи: 1 ≤ N ≤ 1 000
Излез
Во првиот и единствен ред отпечатете го одговорот - должината на најдолгата среќна подниза. Доколку не постои среќна подниза, да се отпечати 0.
Ограничувања
Временско ограничување: 200 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 8 1 3 3 2 3 3 1 4 | излез 6 |
Oбјаснување за првиот пример: Поднизата од третиот до осмиот елемент го содржи бројот 3 точно 3 пати и има должина 6.