Купување кварт

Откако успешно му помогнавте на Жучко, тој е конечно внатре в село Негобило. Село Негобило може да се претстави како матрица со големина N x N, каде секое поле Аij ја претставува висината на куќата со координати (i, j) - куќата во редицата i и колоната j. Сите куќи во село Негобило имаат различна висина.

Бидејќи сите жители од селото сакаат да се иселат, секоја куќа е на продажба. Жучко од друга страна одлучил да купи цел кварт од селото. Кварт се состои од точно K x K куќи, т.е. тоа е квадратен дел од селото што ги опфаќа сите куќи со координати (i, j) каде r ≤ i < r + K и c ≤ j < c + K за некој пар (r, c).

Жучко сака медијаната од висините на куќите кои ќе ги купи да биде што е можно помала.
Медијана на дадена низа од непарен број броеви е вредноста на елементот на средина на таа низа откако истата ќе биде сортирана.

Жучко влегол во длабок сон па и оваа задача ви преостанува да ја решите вие - за дадените барања пресметајте најмалата можна вредност на медијаната.



Влез

Во првиот ред дадени ви се N и K (1 ≤ K ≤ N < 800) - големината на матрицата и големината на подматрицата. K е секогаш непарен.
Во следните N редови дадени ви се N позитивни цели броеви Aij (1 ≤ Aij ≤ 1 000 000 000), и притоа сите броеви се различни.



Излез

Во првиот и единствен ред отпечатете го бараниот резултат - најмалата можна вредност на медијаната.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
3 1
3 7 1
5 8 11
10 4 2
излез
1


влез
3 3
1 2 3
4 5 6
7 8 9


излез
5


 Submit your code