Македонско оро

Македонските ора се играат на тој начин што во тактот на музиката играчите прават по одреден редослед: чекори во место, чекори нанапред (секој по половина метар) и чекори наназад (секој по 25 сантиметри).

Оро кое го игра Миле започнува со два чекора во место, три чекори напред и два чекори назад. Потоа се повторуваат чекорите по истиот редослед.

Ако орото кое го игра Миле се движи по права линија, ваша задача е да откриете по колку најмалку чекори од почетокот Миле ќе биде поместен нанапред за точно Х метри.



Влез

Во првиот и единствен ред даден е целиот број X (1 ≤ X ≤ 1 000).



Излез

Во првиот и единствен ред отпечатете го одговорот - најмалиот број на чекори кои ги направил Миле за да се помести за точно Х метри.



Ограничувања

Временско ограничување: 200 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
1
излез
4


влез
10


излез
67


Објаснување на првиот пример: Миле на почеток ќе направи два чекора во место (значи нема да се помести), потоа ќе направи еден чекор напред (ќе се помести за половина метар), па пак уште еден чекор напред (ќе се помести за уште половина метар). Со овие вкупно 4 чекори тој се поместил за точно 1 метар.



 Submit your code