Кики-Рики
Перо има 4 пакетчиња Кики-Рики. Внатре во пакетчињата има точно по A, B, C и D кикиритки, соодветно. Перо сака да му подари точно едно од овие пакетчиња на својот помал брат Тошо, така што вкупниот број на кикиритки во пакетчињата што ќе му останат да биде парен број.
Проверете дали Перо може да одреди кое пакетче Кики-Рики да го подари. Ако постои точно едно такво пакетче, отпечатете + (плус) на излез. Доколку постојат повеќе такви пакетчиња отпечатете ? (прашалник), а доколку не постои ниту едно такво пакетче отпечатете - (минус).
Влез
Во еден ред се дадени 4 позитивни цели броеви A, B, C и D (1 ≤ A, B, C, D ≤ 100), разделени со по едно празно место.
Излез
Во еден ред отпечатете го резултатот: +, - или ?.
Ограничувања
Временско ограничување: 200 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 2 3 6 2 | излез + |
влез 2 3 7 4 | излез ? |
влез 1 3 5 7 | излез - |
Објаснување за првиот пример: Доколку Перо го подари второто пакетче, тогаш вкупниот број на кикиритки од останатите пакетчиња е 2 + 6 + 2 = 10, што е парен број. Ниедно од другите пакетчиња не одговара.
Објаснување за вториот пример: Перо може да го подари првото пакетче па ќе му останат 3 + 7 + 4 = 14 кикиритки, што е парен број. Но, Перо исто така може да го подари и четвртото пакетче и ќе му останат 2 + 3 + 7 = 12 кикиритки, што исто така е парен број.
Објаснување за третиот пример: Без разлика кое пакетче да проба Перо да го подари, вкупниот број на кикиритки во преостанатите пакетчиња ќе биде непарен.