Кулите на Вики

Вики пред себе има 3 кули од лего коцки со висини A, B и C (гледано од лево кон десно), соодветно.

За да има што да прави дури тој решава задача, татко и’ на Вики и’ дал уште точно N лего коцки. Секоја од овие N коцки има висина X.

Вики ќе ги зема овие коцки една по една, и секоја од нив ќе ја поставува врз кулата која е најниска во тој момент. Доколку постојат повеќе такви кули, Вики ќе ја додаде лего коцката одозгора на првата (од лево) таква кула. Ова ќе го направи точно N пати - се додека не се искористени сите N коцки. На крај Вики ги подредува трите кули од најниска кон највисока.

Дури Вики играла, татко и’ ја решил задачата што требало да ја реши. Сега, дури чека Вики да заврши, тој напишал програма со која пресметува колкава ќе биде висината на секоја кула откако ќе заврши со градење Вики, подредени од најниска кон највисока. Напишете ја и вие таа програма.



Влез

Во првиот ред ви се дадени броевите A, B, C (1 ≤ A, B, C ≤ 1 000 000 000), разделени со по едно празно место.
Во вториот ред ви се дадени броевите X и N (1 ≤ X ≤ 10 и 1 ≤ N ≤ 2 000 000 000), разделени со по едно празно место.
Забелешка: За 80% од поените ќе важи: 1 ≤ N ≤ 1 000 000.



Излез

Во првиот и единствен ред отпечатете три цели броеви разделени со по едно празно место: висините на кулите на крајот, подредени по редослед.



Ограничувања

Временско ограничување: 200 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
2 1 4
2 2
излез
3 4 4


влез
2 3 2
3 1


излез
2 3 5


Објаснување за првиот пример: Во првиот чекор Вики ќе ја постави првата лего коцка врз втората кула бидејќи таа е најниска (1 + 2 = 3). После ова додавање, кулите ќе имаат висини 2, 3 и 4, соодветно. Во вториот чекор Вики ќе ја постави лего коцката врз првата кула бидејќи таа е најниска во овој момент. После вториот чекор кулите ќе имаат висини 4, 3 и 4. По подредувањето, висините се 3, 4 и 4.

Објаснување за вториот пример: Во првиот и единствен чекор Вики ќе ја додаде лего коцката врз првата кула (забележете дека во тој момент постојат две кули со најниска висина - првата и третата - но во ваков случај лего коцката се додава врз првата најниска кула, а во случајов тоа е првата кула), па после овој чекор кулите ќе имаат висини 5, 3 и 2. По подредувањето, висините се 2, 3 и 5.



 Submit your code