Квадрати на оска

На бројна оска со црвени точки се означени квадратите на првите 10 000 природни броеви (1, 4, 9, 16, 25…).



За даден природен број X помал од 100 000 001, на излез отпечатете колку црвени точки има лево од него на бројната оска. Доколку самиот број Х се најде на црвена точка, таа не се брои.



Влез

Во првиот ред е даден позитивен цел број X (X ≤ 100 000 000).



Излез

Во првиот ред отпечатете го бараниот број.



Ограничувања

Временско ограничување: 100 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
11
излез
3


влез
16


излез
3


влез
17


излез
4


 Submit your code