Вежбање на час
За да извежбаат наоѓање на делители, наставникот им организирал на учениците игра за која тој на почетокот, на таблата запишал еден број Х. Потоа, испрашал еден ученик и му задал задача: „Најди го најголемиот делител на Х кој што е помал од X и резултатот собери го со Х. Избриши го Х и на негово место запиши го добиениот збир.“
Истата задача важела за секој следен испрашан ученик.
Ако наставникот испрашал N ученици, ваша задача е да откриете кој број бил последно запишан на таблата (од N-тиот ученик).
Влез
Во првиот ред се дадени два позитивни цели броеви: X (1 < X < 1 000 000 000 000 ) и N ( N ≤ 20 ), одделени со едно празно место.
Забелешка: За 32 поени ќе важи: X < 1 000
Излез
Во првиот ред отпечатете го бараниот број.
Ограничувања
Временско ограничување: 100 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 10 2 | излез 20 |
влез 3 3 | излез 9 |
Објаснување за првиот пример: Наставникот на табла го запишал бројот 10. По првиот ученик, на табла запишан ќе биде 15 (5 е најголемиот делител на 10 што е помал од 10, па 10 + 5 = 15). По вториот ученик, бројот запишан на табла ќе биде бројот 20 (5 е најголемиот делител на 15 што е помал од 15, па 15 + 5 = 20).