Штедење кај низа
Кога е криза сите штедат. И Мирче решил да штеди, па решил низата која ја имал да ја поднамали со што ќе заштеди на меморија. Така, тој решил да ги најде најмалиот и најголемиот елемент во низата, да ги отстрани од низата, а во низата да ја додаде нивната разлика. Со тоа, низата станува пократка за еден елемент. Оваа постапка може да се повтори на новодобиената низа повеќе пати, и после секое повторување низата ќе се скратува за по еден елемент.
Славка пробала да му објасни на Мирче дека така не се штеди и дека новодобиената низа ниту е истата, ниту има исти својства со претходната.
Заради тоа, таа ќе му постави P прашања од типот:
„Кој е збирот на елементите на низата после K операции?“
За зададена низа со N елементи, напишете програма која P пати по ред за внесено K < N, ќе одговори на горното прашање.
Влез
Во првиот ред се дадени два позитивни цели броеви: N и P ( 2 ≤ N ≤ 100 000, 1 ≤ P ≤ 100 000 ), кои го означуваат бројот на елементи во низата и бројот на поставени прашања, соодветно.
Во следниот ред има N ненегативни цели броеви кои ја претставуваат низата. Броевите се помали од 1 000 000 000.
Во следните P реда има по еден позитивен цел број K (0 ≤ K < N).
Забелешка: За 24 поени ќе важи: P = 1; N < 5001.
За дополнителни 24 поени ќе важи: P, N < 5001.
Излез
За секое прашање отпечатете го одговорот во нов ред.
Ограничувања
Временско ограничување: 400 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 5 1 1 2 1 4 3 2 | излез 7 |
влез 5 3 1 2 1 4 3 2 3 1 | излез 7 3 9 |
Oбјаснување за вториот пример: Најмалиот и најголемиот елемент на низата имаат вредности 1 и 4, соодветно ( 1 2 1 4 3 ). После првата операција низата може да изгледа вака: 2 1 3 3. Сега, ја повторуваме постапката врз низата 2 1 3 3 и се добива низата 2 3 2. Значи, после два чекори збирот на елементите во новодобиената низа е 7 . По уште едно повторување на постапката, од низата 2 3 2 ќе ја добиеме низата 1 2 со збир 3 .