Сончоглед

Бале, наместо да учи, фатил да си игра со Excel табелата во неговиот компјутер што се состои од N редици и N колони - N x N полиња, каде полето во i-тата редица и j-тата колона се обележува со (i, j). Притоа, 1 ≤ i, j ≤ N. Во секое поле е сместен по точно еден ненегативен цел број Aij. Бале може да се движи низ табелата меѓу две соседни полиња со користење на стрелките на тастатурата.

Бале започнува врз полето (1, 1) и со помош на стрелките → и ↓ ќе се движи по едно поле или надесно или надолу се’ додека не стигне врз полето (N, N). Потоа, од полето (N, N), со помош на стрелките ← и ↑ ќе се движи по едно поле или налево или нагоре се’ додека не стигне назад врз полето (1, 1). И на крај, повторно, започнувајќи од полето (1, 1) ќе се движи до полето (N, N), исто така со помош на користење на стрелките → и ↓.

Секој пат кога ќе се најде врз едно поле, Бале ја гледа вредноста во тоа поле и јаде точно толку сончогледови семки колку што е вредноста во тоа поле, а веднаш потоа вредноста во тоа поле ја менува во 0.

За дадена Excel табела пресметајте колку најмногу семки сончоглед може да изеде Бале.



Влез

Во првиот ред даден е бројот N (1 < N ≤ 50) - големината на Excel табелата.
Во следните N редови дадени ви се N ненегативни цели броеви Aij (0 ≤ Aij ≤ 1 000 000).

Забелешка:
За 20 поени, за секое поле (i, j) ќе важи Aij = 1
За други 15 поени, во секоја редица ќе има најмногу три полиња со позитивни вредности.
За други 35 поени, 1 ≤ N ≤ 20



Излез

Во првиот и единствен ред отпечатете го бараниот резултат - најголемиот број на семки што може да ги изеде Бале.



Ограничувања

Временско ограничување: 400 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
4
1 2 3 4
1 1 1 1
4 3 2 1
1 1 1 1
излез
27


Објаснување за првиот пример: Бале ќе ги притиска следните стрелки на тастатурата во дадениот редослед: ↓↓↓→→→↑↑↑←←←→↓↓→→↓. На овој начин тој ќе изеде 1 + 1 + 4 + 1 + 1 + 1 + 1 + 1 + 1 + 4 + 3 + 2 + 0 + 0 + 1 + 3 + 2 + 0 + 0 = 27 семки сончоглед.



 Submit your code