Градење градби
Во еден град, секој месец се зголемува бројот на изградени станбени објекти, без да се води сметка за какви било ограничувања или пречки. Градот може да се замисли како бесконечно голема матрица, каде на почетокот има одреден број на станбени објекти (згради) кои ви се дадени на влез.
Секој месец, за секое поле од матрицата каде што има изградено станбен објект, се изградува нов станбен објект во секое соседно поле од матрицата до тој објект (нормално, доколку таму веќе нема некој друг станбен објект). Соседни полиња на едно поле од матрицата се сите други полиња со кои тоа поле дели раб или теме (т.е. има 8 соседни полиња). Па така, на пример, доколку има станбен објект во полето (R=5, C=5), во следниот месец се продолжува и се изградува во полињата: (4, 4), (4, 5), (4, 6), (5, 4), (5, 6), (6, 4), (6, 5) и (6, 6). Понатаму, следниот месец, се изградува во сите нивни соседни полиња, итн.
Досега, не се водело сметка (дневник) за тоа во кој редослед се градени станбените објекти. Но, градоначалникот решил да почне да се запишува таквиот редослед. Притоа, доколку повеќе објекти се изградуваат во истиот месец, најпрвин се запишуваат оние со помала вредност R, а доколку има повеќе објекти со иста вредност R кои се изградуваат во исто време, тогаш најпрвин се запишуваат оние со помала вредност C. Напишете програма која, за даден цел број M, ќе отпечати во кое поле ќе биде изграден M-тиот објект (нормално, не броејќи ги почетните бидејќи нивниот редослед не се бележел).
Влез
Во првиот ред се запишани два цели броja N и M (1 <= N <= 30, 1 <= M <= 1016), кои го означуваат бројот на станбени згради на почетокот (време 0), и вредноста M која го дефинира бараниот објект.
Во секој од следните N редови, се запишани по два цели броја Ri и Ci (0 <= Ri,
Ci <= 100 000 000), кои ја означуваат локацијата на почетните станбени објекти. Нема да постојат два објекти кои се наоѓаат на иста локација.
Забелешка:
Во тест случаи кои носат најмалку 7% од поените, ќе важи M = 1.
Во други тест случаи кои носат најмалку 17% од поените, ќе важи N = 1.
Во други тест случаи кои носат најмалку 21% од поените, ќе важи M <= 100.
Излез
Отпечатете ги R и C за бараното поле, одделени со едно празно место.
Ограничувања
Временско ограничување: 500 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 2 6 3 3 3 5 | излез 3 2 |
влез 2 500 3 3 3 5 | излез -8 10 |
Објаснување за првиот пример: Нека ги обележиме почетните згради со X, и нека редот прикажан најдолу е 0-тиот, па над него 1-виот, итн (за полесно да можете да ги замислите вредностите како во координатен систем). Забележете дека резултатот е (3, 2) бидејќи таму се наоѓа 6-тиот станбен објект според редоследот.
.........
.........
..9......
..6X7X8..
..12345..
.........
.........