Author |
Message |
14/02/2012 02:33:28
|
MOI
Joined: 07/07/2010 16:31:48
Messages: 447
Offline
|
Здружението на информатичарите на Македонија, по дваесет и трети пат организира циклус на натпревари по информатика, во областа на програмирањето. Натпреварите се стремат да ги опфатат сите ученици од основното и средното образование кои имаат некакви познавања од програмирање. Програмирањето се изведува во еден од програмските јазици Pascal, C и C++.
Неколку линкчиња со информации:
Натпревари по информатика 2012 - Правила
Натпревари по информатика 2012 - Календар
Дополнителни информации за циклусот натпревари 2012
Тука можете да ги дискутирате правилата, календарот...
*** Update: Заборавив да објавам вчера дека има и нова категорија во делот за тренинг - со едноставни задачи за почетници -> ЛИНК <-. Таму се наоѓаат најлесните задачи, па добро е да почнете со решавање од таму.
This message was edited 1 time. Last update was at 14/02/2012 16:21:16
|
|
|
14/02/2012 14:28:58
|
Denis
Joined: 29/01/2010 18:55:07
Messages: 27
Offline
|
Дали ќе се важат задачите што сме ги решиле претходно во тренинг делот или мораме да решиме нови 30 задачи?
|
The function of good code is to make the complex appear to be simple. |
|
|
14/02/2012 15:32:10
|
lunatic3331
Joined: 30/01/2010 20:01:15
Messages: 22
Offline
|
Почетокот на периодот за решавање е неограничен.
Значи се важат 30 ако имаш решено пред тоа
|
|
|
14/02/2012 15:37:47
|
bedzo
Joined: 18/01/2011 02:05:03
Messages: 234
Offline
|
Дали од основна група може да се стигне на меѓународен натпревар и дали сите задачи на сите групи ќе носат по 100 поени или различно ќе се бодираат?
This message was edited 1 time. Last update was at 14/02/2012 15:45:46
|
|
|
14/02/2012 16:16:15
|
MOI
Joined: 07/07/2010 16:31:48
Messages: 447
Offline
|
bedzo wrote:Дали од основна група може да се стигне на меѓународен натпревар и дали сите задачи на сите групи ќе носат по 100 поени или различно ќе се бодираат?
Може да се стигне - со добар резултат на МОИ. Прочитај ги правилата - таму пишува кој натпревар колку поени носи, колку (најмалку) натпреварувачи од основна група ќе бидат поканети на МОИ, итн.
|
|
|
14/02/2012 16:30:47
|
bedzo
Joined: 18/01/2011 02:05:03
Messages: 234
Offline
|
MOI wrote:
bedzo wrote:Дали од основна група може да се стигне на меѓународен натпревар и дали сите задачи на сите групи ќе носат по 100 поени или различно ќе се бодираат?
Може да се стигне - со добар резултат на МОИ. Прочитај ги правилата - таму пишува кој натпревар колку поени носи, колку (најмалку) натпреварувачи од основна група ќе бидат поканети на МОИ, итн.
Не, прашањето ми беше дали ќе бидат различни поените на задачите од групите. Бидејќи како што гледам сите поени се сумират и се составува целосна ранк листа за кој да влезе на МОИ.
|
|
|
14/02/2012 16:42:50
|
OP Magic Potato
Joined: 16/03/2011 21:20:03
Messages: 62
Offline
|
Dali tie sto bile na jboi imaat pokana za moi??
|
|
|
14/02/2012 20:22:56
|
filip_bujaroski
Joined: 13/09/2010 21:58:57
Messages: 150
Location: Skopje
Offline
|
OP Magic Potato wrote:Dali tie sto bile na jboi imaat pokana za moi??
Ne ne, treba da si zasluzime MOI x) Barem ako nemas medal, sigurno nemas pokana
|
Live to play, die for fun. |
|
|
14/02/2012 23:00:13
|
MOI
Joined: 07/07/2010 16:31:48
Messages: 447
Offline
|
bedzo wrote:Не, прашањето ми беше дали ќе бидат различни поените на задачите од групите. Бидејќи како што гледам сите поени се сумират и се составува целосна ранк листа за кој да влезе на МОИ.
1. Се прави ранг листа - за секоја група посебно (види правила - тоа е она што викаш "сите поени се сумираат").
2. Најдобрите од секоја група (според ранг листата 1) се покануваат на МОИ.
Не постои "заедничка" ранг листа каде ќе бидат собрани поените од сите натпреварувачи од сите групи.
This message was edited 1 time. Last update was at 14/02/2012 23:03:12
|
|
|
15/02/2012 01:54:18
|
vavio
Joined: 25/02/2010 14:40:01
Messages: 25
Offline
|
дали при решавањето на задачите на натпреварите имаме пристап до претходно решените задачи од наша страна?
|
|
|
15/02/2012 15:12:50
|
bedzo
Joined: 18/01/2011 02:05:03
Messages: 234
Offline
|
vavio wrote:дали при решавањето на задачите на натпреварите имаме пристап до претходно решените задачи од наша страна?
Сигурно ќе нема )
|
|
|
15/02/2012 17:51:22
|
obi1kenobi
Joined: 18/02/2010 20:01:33
Messages: 168
Offline
|
vavio wrote:дали при решавањето на задачите на натпреварите имаме пристап до претходно решените задачи од наша страна?
А може пристап до другарите што имаат решено повеќе задачи од нас?
Нема смисла тоа...
|
|
|
15/02/2012 22:31:08
|
dejandenib
Joined: 12/02/2010 12:40:13
Messages: 33
Offline
|
Prodavam resenija na zadaci
500 denari po resenie
mozam da vi najdam resenie za site zadaci,osven http://mendo.mk/Task.do?competition=27&id=154
|
|
|
16/02/2012 12:06:31
|
hristijan
Joined: 24/01/2010 09:42:46
Messages: 49
Offline
|
Има попуст ако сакаме да купиме 5, 10 или па сите решенија?
|
|
|
16/02/2012 16:13:58
|
obi1kenobi
Joined: 18/02/2010 20:01:33
Messages: 168
Offline
|
Пошто вака гледам многу бизнис-ориентиран си, сакаш да ти го продадам решението за таа задача па комплетен пакет да имаш? Ако речеш не, ќе ти бидам нелојална конкуренција и ќе ги продавам моите решенија по 499 денари хахаха
|
|
|
|