Тука се содржани кратки информации околу најавувањето на MendoWiki. Овој текст е тука.
Можете да пронајдете повеќе информации околу безбедноста на JSPWiki на страниците за документација.
Најава#
JSPWiki поддржува повеќе нивоа на авторизација и доверба. Корисниците можат да бидат анонимни, да имаат "едноставни" идентитети со помош на колачиња, да бидат најавени, или да бидат администратори:
Статус | Опис | Поздравување на корисникот.. |
---|---|---|
Анонимен | Корисникот не е најавен, и нема колаче | "Здраво (не сте најавени)" |
Едноставен | Пребарувачот на корисникот содржи колаче со име ~JSPWikiAssertedName | "Здраво, корисник (не сте најавени)" |
Авторизиран | Корисникот е најавен со корисничко име и лозинка | "Здраво, корисник (најавен)" |
Зависно од поставените сигурносни полиси, корисниците можат (или не мораат) да се најавуваат.
Кога еден корисник ќе одлучи да се најави - или е приморан за тоа од некоја сигурносна полиса - тој или таа треба да пополнат стандардна веб форма со информации за нивното корисничко име и лозинка. По добивање на овие информации, JSPWiki ќе се обиде да го идентификува корисникот.