Отворени материјали за C++

Почитувани, ни претставува особено задоволство да ви ги презентираме новите можности на МЕНДО. Имено, со континуирана работа на развојниот тим на системот, во можност сме да ви понудиме отворени материјали за изучување на програмскиот јазик C++ - истиот програмски јазик кој, според наставните планови на Бирото за развој на образованието, е предвиден за изучување од страна на учениците во прва и втора година средно образование.

МЕНДО претставува систем за организирање на натпревари по информатика и истиот е замислен како место на кое учениците можат да се натпреваруваат, да комуницираат меѓусебно, но и да учат нови програмски јазици и да решаваат задачи од поранешни меѓународни или национални натпревари по информатика.

Материјалите можете да ги најдете во делот за тренинг (линк "тренинг" од главното мени), или преку следниот линк:

    Линк до материјалите: [ МАТЕРИЈАЛИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ПРОГРАМСКИОТ ЈАЗИК C++]

Би сакале да ве замолиме да ги информирате вашите ученици за постоењето на овој систем со цел искористување на придобивките од него (подетално наведени во документот поврзан подолу).

Однапред ви благодариме на соработката (преку сугестии, коментари, итн.) која ќе помогне во подобрување и проширување на системот.

Известување: http://mendo.mk/download/materijali_2012.pdf