Уредување на дом
Бисера се иселила од дома и сега си го уредува новиот стан. Си купила кревет, телевизор, кауч и 2 маси. Сакала на секоја маса да има кошничка во која ќе има одреден број на јаболка и банани. Ако Бисера сака во секоја кошничка да има A јаболка и B банани, колку парчиња овошје треба вкупно да купи таа?
Влез
Првата и единствена линија содржи два цели броеви: A (0 ≤ A ≤ 100 000) и B (0 ≤ B ≤ 100 000) - бројот на јаболки и бројот на банани што сака да ги купи Бисера, соодветно.
Излез
Отпечатете еден цел број - вкупниот број на парчиња овошја што треба да ги купи Бисера.
Ограничувања
Временско ограничување: 100 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 2 3 | излез 10 |




