Волшебни цевки

Игор е љубопитно дете кое обожава да си игра со волшебни цевки. Цевките може да се спојуваат и од нив да се формираат цифри. После некое време, Игор приметил дека некои цифри се лесни за правење, а други „не сакаат“ да излезат како што треба. По многу обиди, тој открил дека со цевките можат да се формираат само овие цифри: 1, 4, 7.

Игор земал хартија и на неа напишал N четирицифрени броеви. Колку од четирицифрените броеви што ги напишал Игор се составени само од цифри што можат да се формираат користејќи ги цевките?



Влез

Во првата линија од влезот е даден еден цел број N (0 < N ≤ 200 000).
Втората линија содржи N цели броеви Ai (999 < Ai < 10 000), разделени со по едно празно место - броевите што ги напишал Игор на хартијата.



Излез

Отпечатете еден цел број - бројот на четирицифрени броеви напишани од Игор, коишто се составени само од цифри што може да се формираат користејќи ги цевките.



Ограничувања

Временско ограничување: 500 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
3
1177 1234 1111
излез
2


 Submit your code