Отсечки во многуаголник
На правилен многуаголник со N темиња, темињата се означени со некој позитивен цел број од 1 до 1 000 000 000. За секое теме (од првото до N-тото), на влез е даден соодветниот број Аi.
Задачата на Блерим е да ги поврзе со црвени отсечки (дијагонали или страни) сите темиња кои имаат иста вредност.
![]() |
Ваша задача е за секое теме да утврдите колку е долга најдолгата отсечка што ќе излегува од него. За полесно пресметување ќе дефинираме дека: Отсечката е долга колку помалиот број на темиња кои се наоѓаат меѓу темињата кои таа ги поврзува +1 (види слика). Ако некое теме има уникатна вредност, тоа значи дека од него не излегува отсечка, па за него вредноста е 0.
Влез
Во првиот ред е даден бројот N (0 < N ≤ 100 000) - бројот на темиња на многуаголникот.
Во следниот ред се дадени броевите Ai (1 ≤ Ai < 1 000 000 000) по редослед, почнувајќи од некое теме, разделени со по едно празно место.
Забелешка. За 40% од поените ќе важи: N ≤ 5 000
Излез
Отпечатете N броеви разделени со по едно празно место: вредноста барана за секое теме, по редослед на темињата како што се дадени во влезот.
Ограничувања
Временско ограничување: 500 milliseconds
Мемориско ограничување: 16 megabytes
Примери
влез 6 1 1 2 1 2 3 | излез 3 2 2 3 2 0 |
Објаснување за примерот: Примерот е претставен на сликата.





