Полици со книги
На една полица се поставени N различни книги (за полесно објаснување, ќе претпоставиме дека секоја книга е означена со различен број од 1 до N). Под неа има друга полица. Истите книги ги има и на втората полица ама се во различен редослед.
Сара може да досегне само до втората полица. Таа може наеднаш да земе две од книгите и да им ги замени местата.
![]() |
Сара решила книгите од втората полица да ги преуреди, за да се во редослед како што се на првата. Бидејќи не сака да губи време и да прави непотребни замени, таа сака да го направи тоа во најмал можен број на заменувања. Ваша задача е да одредите колку најмалку заменувања се потребни за да се постигне ист редослед.
Влез
Во првиот ред е даден бројот N (1 ≤ N ≤ 100 000) - бројот на книги.
Во следниот ред се дадени броевите Ai (1 ≤ Ai ≤ N), книгите од првата полица, по редослед, разделени со по едно празно место.
Во следниот ред се дадени броевите Bi (1 ≤ Bi ≤ N), книгите од втората полица, по редослед, разделени со по едно празно место.
Забелешка. За 20 поени ќе важи: N ≤ 10.
За други 50 поени ќе важи: Книгите во првата полица се сортирани (подредени) по редослед.
Излез
Отпечатете еден цел број - најмалиот број на потребни заменувања за да се добие ист редослед на книгите од втората полица, како оној од првата полица.
Ограничувања
Временско ограничување: 200 milliseconds
Мемориско ограничување: 16 megabytes
Примери
влез 4 1 3 2 4 4 2 3 1 | излез 2 |
Објаснување за примерот: во втората полица ќе ги замениме прво 4 и 1, а потоа 2 и 3.





