Збировите на Емил

Ивана ги учи броевите. Мајка и и' дава N цифри (по ред, цифрите 1, 2, 3, … до N). Таа ќе се обиде да ги состави сите можни броеви користејќи ги сите N цифри.

Така, на пример, за N=3, таа ќе ги добие цифрите 1, 2 и 3 и ќе ги состави точно броевите: 123, 132, 213, 231, 312 и 321.

За постариот брат на Ивана, Емил, не е интересно составувањето на броевите. Тој сака да знае колку е збирот на сите тие броеви. За горниот пример, за N=3, збирот е 1332.

Помогнете му на Емил и најдете го одговорот.



Влез

Првиот и единствен ред содржи еден едноцифрен број N (2 ≤ N ≤ 7).



Излез

Отпечатете еден цел број – збирот на броевите што ги составила Ивана.



Ограничувања

Временско ограничување: 100 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
3
излез
1332


 Submit your code