Бројчаник

Постои легенда дека една компанија за производство на автомобили по грешка во своите автомобили инсталирала фалични мануелни бројчаници за километража. Тие работеле како стандардните, ама ја немале цифрата 7 на нив. Па така, после 6 километри, покажувале веднаш дека се изминати 8 километри, иако во реалноста биле изминати 7. Соодветно после 16, покажувале 18 (наместо реалните 16), после 69 покажувале 80, итн.

За даден број кој го покажува бројчаникот, утврдете колку реални километри се изминати (вистинската километража).



Влез

Во првиот и единствен ред е даден еден позитивен цел број N (во кој ја нема цифрата 7) - покажаната километража (N ≤ 1 000 000 000).

Забелешка. За 50% од поените ќе важи: N ≤ 100 000.



Излез

Отпечатете еден цел број – вистинската километража.



Ограничувања

Временско ограничување: 100 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
8
излез
7


влез
19


излез
17


влез
6291


излез
4609


 Submit your code