Кодирање пораки
Двајца пријатели имаат разработен систем за кодирано меморирање и меѓусебно споделување на пораки (одговори на прашања). Тие тоа го прават преку запишување на броеви во една голема датотека (листа). Броевите може да се повторуваат по повеќе пати.
Тие го имаат кодирано и одговорот на прашањето „Дали Пепи е најголем билдер на светот?“, и тој може да се открие на следниот начин:
За важни броеви во листата се сметаат само тие кои во неа се појавуваат непарен број пати. Се собираат сите различни важни броеви од листата (по еднаш). Ако збирот е непарен одговорот е “DA”, а во спротивно одговорот е “NE”.
Влез
Првиот ред содржи еден цел број N (1 ≤ N ≤ 5 * 105) — бројот на броеви во датотеката.
Вториот ред содржи N цели броеви A1, A2, …, AN (0 ≤ Ai ≤ 109) — броевите во самата датотека.
Забелешка. За 10% од поените важи: Ai ≤ 2
За други 40% од поените важи: Ai ≤ 10
Напомена: Меморискиот лимит на оваа задача е 1 MB
Излез
Отпечатете „DA“ ако збирот е непарен, во спротивно отпечатете „NE“ (според правилото зададено погоре).
Ограничувања
Временско ограничување: 200 milliseconds
Мемориско ограничување: 1 megabyte
Примери
влез 2 3 1 | излез NE |
влез 5 1 2 2 3 3 | излез DA |
влез 7 10 10 10 7 8 8 9 | излез NE |
Објаснување: Во вториот пример само 1 е важен број. Затоа и збирот е 1, па одговорот е DA.




