Скалите на Игор

Игор е искусен дрводелец што работи со дрвени штици. Во својата работилница тој има куп од N штици наредени една врз друга. Должината на i-тата штица одозгора е Ai сантиметри. Игор сака да изработи украсна скала составена од точно K штици.

Тој мора да се придржува на следните правила:

1) Штиците кои ќе ги користи за скалата мора да се наоѓаат последователно во купот, и да се искористат во редослед (заради запазување на текстурата).
2) Бидејќи штиците се наредени во куп, Игор може да зема штици само од врвот. Затоа, тој најпрво може да тргне неколку штици одозгора и да ги пренесе на страна (со цел да стигне до почетокот на соодветните К штици кои ќе ги користи). За секое тргнување односно пренесување на една штица тој ќе потроши по 10 минути.
3) Првата штица во скалата може да има произволна должина х (ја одбира Игор), но секоја следна мора да е за еден сантиметар пократка, односно скалата ќе има К штици со должини: x, x - 1, x - 2, …, x - K + 1. Секако, сите должини мора да бидат позитивни.
4) Игор може само да скратува штици, односно нивната должина може да се намали, но нема начин да се зголеми. За секој отсечен сантиметар дрво, на Игор му се потребни точно 5 минути.

Потребно е да го одредите и отпечатите најмалото вкупно време што му е потребно на Игор за да направи валидна скала. Ако не е можно да се направи скала со дадените штици, отпечатете -1.



Влез

Првата линија содржи два цели броеви N и K (1 ≤ K ≤ N ≤ 106) – бројот на штици кои Игор ги има на располагање и бројот на штици потребни за скалата.
Втората линија содржи N цели броеви: A1, A2, …, AN (1 ≤ Ai ≤ 109) – каде Ai е должината на i-тата штица одозгора.

Забелешка. За 32 поени важи: N ≤ 5 000.
За други 20 поени важи: Ai ≤ Ai+1, за секое 0 ≤ i < N-1.



Излез

Отпечатете еден цел број – бараниот одговор.



Ограничувања

Временско ограничување: 100 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
5 3
5 4 4 7 6
излез
5


влез
4 3
2 2 2 5


излез
-1


влез
6 4
8 8 4 3 2 1


излез
20


Објаснување на третиот пример: Ако Игор започне од првата штица, ќе мора неа да ја скрати барем до должина 6, а втората до должина 5, за да може да продолжи со должините 4 и 3 после тоа. Тоа значи кратење од 2 + 3 = 5 sm, што значи 25 мин. Ако започне од втората штица, тогаш првата ќе мора да ја тргне (10 мин), а втората да ја скрати за 3 сантиметри (15 мин) и пак ќе му се потребни 25 мин. Најдобро е да започне од третата штица. Тогаш ќе треба да ги тргне првите 2 штици (20 мин) и едноставно да ги земе следните 4, оти тие веќе се последователно пократки за 1.



 Submit your code