Книги

Трпе работи во една скопска библиотека. Наскоро му завршува работното време и Трпе мора да ги однесе вратените книги назад на своите места. Сите книги од библиотеката се сместени на една дооолга полица поставена во еден доооолг ходник.

Книгите кои ги враќа Трпе се наоѓаат на некои од позициите (нормално означени со природните бреви 1,2,3...) во таа полица во ходникот, а Трпе се наоѓа на почетокот на ходникот (на позиција 0). Трпе може да носи најмногу M книги во даден момент.

Напишете програма која за даден број на книги, позицијата каде секоја од нив треба да се однесе и максималниот бројот на книги кои Трпе може да ги носи во едно одење, ќе го отпечати минималниот пат кој Трпе треба да го помине за да ги однесе сите книги и на крај да се врати на своето место.



Влез

Во првиот ред е запишан бројот на книги N (1 <= N <= 1000) и максималниот број на книги кои Трпе може да ги носи М (1 <= M <= 100). Во секој од следните N редови е запишан по еден цел број Xi (1 <= Xi <= 1000), кој ја претставува позицијата на која треба да се однесе i-тата книга.



Излез

Излезот се состои од еден ред во кој треба да го отпечатите минималниот пат кој Трпе треба да го помине за да ги врати сите книги.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
3 2
30
15
70
излез
170


Објаснување: (2*70+2*15 = 170).



 Submit your code