Згради

На жителите на Кавадарци не им се допаѓал изгледот на главниот булевар во градот – бидејќи зградите кои се наредени една по друга имале различни висини (различен број на катови). Властите одлучиле да го решат овој проблем така што ќе ги направат сите згради на булеварот исто високи.

Нормално, висината на една зграда не може да се намали со рушење на катови - бидејќи и на најгорните катови живеат луѓе. Затоа пак, може да се додаваат катови и цената за градење на еден кат е еднаква на 1 милион денари.

Напишете програма која ќе им помогне на властите во Кавадарци да ја определат минималната сума (во милиони) за спроведување на овој проект.



Влез

Првиот ред содржи еден цел број N (1 ≤ N ≤ 500), кој го означува бројот на згради на булеварот.

Секој од следните N редови содржи по еден цел број Vi (1 ≤ Vi ≤ 1000), кој го означува бројот на катови на i-тата зграда.



Излез

Излезот се состои од минималната цена со која може да се направи сите згради на главниот булевар да имаат ист број на катови, во милиони.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
5
10
8
2
9
6
излез
15


Објаснување: На првата зграда не и додаваме катови, на втората и додаваме два ката (за цена 2 милиони денари), на третата зграда и додаваме 8 ката (8 милиони денари), на четвртата зграда и додаваме 1 кат (1 милион денари), и на петтата зграда и додаваме 4 ката (за цена 4 милиони денари).

Внимавајте: Бараната сума може да е број поголем од 32767, па користете податочен тип кој има доволно голем опсег за да ги претстави податоците (како longint во Паскал и int во C/C++).



 Submit your code