Коцки

Браќата Андреј и Ален сакаат чоколади во форма на квадрат – кои многу ретко се произведуваат. Затоа пак, постојат многу чоколади кои се во форма на правоаголник (составени од неколку реда со по неколку мали квадратчиња - кои ги викаме "коцки").

За да ги јадат чоколадите кои мајка им ги купува, таа од истите го крши најголемиот можен квадратен дел. Потоа, тој дел им го дава на Андреј и Ален, кои го делат истиот рамноправно ("една коцка мене, една коцка тебе, една коцка мене"...). За да не избие тепачка ако кај некој од двајцата излезе да има една коцка повеќе, мајка им внимава вкупниот број коцки на делот кој им го дава да е парен број.

Напишете програма која ќе го отпечати бројот на коцкички на најголемата квадратна чоколада која може да ја добијат Андреј и Ален, ако знаеме како изгледа почетната чоколада која ја купила мајка им (колку редови и колку коцкички во секој ред има таа чоколада). Чоколадите се секогаш во облик на правоаголник, со N*М коцкички наредени во N редови со по M коцкички во секој ред.



Влез

Во првиот и единствен ред се запишани два цели броја N и M (2 <= N, М <= 150, N е различно од M), кои ги означуваат бројот на редови и бројот на коцки во секој ред, соодветно.



Излез

Во еден ред се запишува бројот на коцки на најголемата квадратна чоколада која според ограничувањето може да ја добијат Андреј и Ален.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
9 6
излез
36


влез
3 16


излез
4


Објаснување за првиот пример: 36 (6*6) коцки.

Објаснување за вториот пример: 4 (2*2) коцки.



 Submit your code