Часовник

Мендо има нов дигитален часовник, кој го покажува времето во 24-часовен формат (00:00-23:59). Бидејќи е часовникот нов, тој покажува неточно време и Мендо треба да го нагоди (намести). Часовникот има 4 копчиња за нагодување:

- eдно за зголемување на часот (за 1),
- едно за намалување на часот (за 1),
- едно за зголемување на минутата (за 1), и
- едно за намалување на минутата (за 1)

Притискање на копчињата за менување на часот не влијае на минутите. Но, кога притискаме на копчињата за менување на минутата, при преминување од 59-тата минута кон 00-тата минута часот се зголемува за 1 и обратно (кога преминуваме од 00-тата минута на 59-тата минута – со притискање на копчето за намалување на минутата, часот се намалува за 1).

На пример, доколку часовникот покажува 22:58 и Мендо притисне на копчето за зголемување на часот, часовникот ќе покажува 23:58. Доколку сега повторно притисне на копчето за зголемување на часот, часовникот ќе покажува 00:58. Доколку сега притисне на копчето за намалување на часот, часовникот повторно ќе покажува 23:58. Слично и кај минутите, доколку часот е 22:58 и Мендо притисне на копчето за зголемување на минутата, часовникот ќе покажува 22:59. Ако уште 2 пати по ред притисне на копчето за зголемување на минутата часовникот ќе покаже 23:00, па 23:01.

Мендо сака да дознае, за дадени четири цели броја H1, M1, H2 и М2, колку најмалку пати треба да притисне на копчињата за да го нагоди часовникот. Притоа, H1 и М1 го означуваат времето кое што го покажува часовникот (во моментот кога го вклучуваме мод-от за почеток на нагодување), додека H2 и М2 го означуваат времето на кое Мендо сака да го нагоди часовникот.

Нормално, Мендо, бидејќи е многу добар информатичар, лесно напишал програма која ќе го пресмета резултатот. Можете ли и вие да го направите истото?



Влез

Во првиот ред се запишани два цели броја H1 (0 <= H1 <= 23) и M1 (0 <= M1 <= 59), кои го означуваат времето кое го покажува часовникот на Мендо во моментот кога тој почнува да го нагодува.

Во вториот ред се запишани два цели броја H2 (0 <= H2 <= 23) и M2 (0 <= M2 <= 59), кои го означуваат времето на кое треба да покажува часовникот на Мендо.

Времето означено со H1 и М1 секогаш ќе биде различно од времето означено со H2 и М2.



Излез

Во еден ред се запишува најмалиот број на притискања на копчињата кој е потребен, за да се нагоди часовникот да го покажува бараното време.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
03 12
04 15
излез
4


влез
15 19
15 59


излез
21


влез
23 30
00 00


излез
30


влез
00 30
21 00


излез
33


Објаснување за првиот пример: Едно притискање на копчето за зголемување на часот и три притискања на копчето за зголемување на минутата.

Објаснување за вториот пример: Дваесет притискања на копчето за намалување на минутата и едно притискање на копчето за зголемување на часот.

Објаснување за третиот пример: После 29 притискања на копчето за зголемување на минутата, часовникот ќе покажува 23:59. Со следното притискање на копчето, часовникот ќе покажува 00:00.



 Submit your code