Спратови

Сите деца ја знаат песничката „Топчето ми падна, Калина го грабна...“. Затоа децата кога си играат со топче на тераса во зграда внимаваат топчето да не им падне.

Но, иако Калина чека долу пред зградата, таа не може секогаш да го грабне топчето, бидејќи некогаш кога топчето ќе падне, тоа се крши и е неупотребливо. Притоа, ако топчето се фрли од Fi-тиот спрат и се скрши, тоа ќе се скрши и доколку се фрли од сите погорни спратови. Доколку пак, топчето се фрли од Fi-тиот спрат и не се скрши, нема да се скрши и доколку се фрли од сите пониски спратови.

Доколку се дадени информациите за N фрлени топчиња, напишете програма која ќе го пресмета најголемиот интервал од спратови за кој не се знае дали фрлањето на пластично топче од спратовите во тој интервал ќе доведе до кршење на топчето или не.

Забелешка: Секогаш во примерите ќе има барем еден спрат за кој не се знае дали топчето фрлено од него ќе се скрши или не.



Влез

Во првиот ред е запишан бројот на фрлени топчиња N (3 <= N <= 10000). Во секој од следните N редови е запишан по еден цел број Fi (1 <= Fi <= 10000) и зборот DA или NE, кои означуваат дали при фрлањето од Fi спрат топчето се скршило или не.



Излез

Излезот се состои од еден ред во кој треба да ги отпечатите границите на интервалот за кој нема доволно информации за да се одреди дали топчето ќе се скрши или не.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
4
1 NE
7 DA
3 NE
9 DA
излез
4 6


 Submit your code